Search

Седум мигранти од Сирија приведени во реонот на село Речица, Кумановско

 Седум мигранти од Сирија, синоќа, се пронајдени и приведени во реонот на кумановското село Речица.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Белановце”, синоќа околу 22.30 часот, во реонот на Речица, забележале возило „рено еспејс”, кое превезувало мигранти.

– Полициски службеници го пронашле возилото, а во негова близина пронашле и седум лица мигранти од Сирија. Мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар во Скопје за понатамошна постапка, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави