Search

Седум мигранти од Авганистан пронајдени во „ауди“ кај Градско

Седум мигранти од Авганистан биле пронајдени во автомобил „ауди А8“ кај патарината кај Градско.

Според информациите на полицијата, ноќеска околу 01.30 на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на Демир Капија, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила „ауди А8“ и „фолксваген фејтон“, но возилата не застанале.

Околу 02.15 часот, според пријавеното, пред патарината кај Градско, било оставено возилото „ауди А8“. При преглед во возилото биле пронајдени седум мигранти од Авганистан.

Мигрантите се однесени во Прифатниот центар Винојуг – Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави