Search

Седум лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје

Седум лица се здобиле со тешки, a осум лица со лесни телесни повреди во 10 од вкупно 15 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје од сообраќај биле исклучени 21 возач кои се движеле со поголема брзија од дозволената, еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол, осум возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден почетник.

Исклучени биле и четири нерегистрирани возила и едно возило за претовар.

За непрописно паркирање биле издадени 51 казна, а со специјалното возило „пајак” биле подигнати 45 возила.

Полицијата санкционирала и двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи за не користење на заштитен шлем  на вел со мотор, мопед и мотоцикл, еден возач за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и четири возачи за користење на мобилен телефон за време на управување на моторно возило. 

Треба да знаете
Последни објави