Search

Седум лица загинаа при експлозија на нафтено поле во Нигерија

Во експлозија на нафтеното поле Гбетиокун, во јужниот дел на Нигерија, при поставување скеле на платформата, загинале седум лица, соопшти денеска државната нафтена компанија.

Во тек е детална истрага околу причините за експлозијата, а Одделот за нафтени ресурси е уредно информиран, наведе Нигериската национална нафтена корпорација во соопштението за инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави