Search

Седум кандидати за двајца технички експерти во комисијата за надзор на следењето комуникации

Седуммина кандидати се пријавиле на конкурсот на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите за две места за технички експерти за постојана поддршка.

На денешната седница Комисијата ќе спроведе интервјуа со седуммината кандидати.

-За потребите за поддршка на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите отворивме јавен конкурс на кој се пријавија седуммина кандидати, од кои ќе биде направен изборот на двајца технички експерти, рече Емил Димитриев.

На негов предлог Комисијата едногласно одлучи интервјуата да се спроведуваат на затворен дел на сединцата.

-Бидејќи овие седум кандидати аплицираат за работа на која претежно ќе се опрерира со класифицирани документи иинформации, но и поради тоа што на интервјуата ќе се гледаат и лични податоци, предлагам Комисијата нив да ги спроведе на затворена седница, рече Димитриев.

По спроведувањето на интервјуата кандидатите ќе одат на безбедносна проверка, а нивниот избор, како што рече Димитриев, ќе се направи по завршувањето на изборите.

Треба да знаете
Последни објави