Search

Седум истакнати членови ги напуштија британските лабуристи

Седум истакнати членови на британската опозициска лабуристичка партија поднесоа оставка, во знак на протест поради начинот на кој Џереми Корбин ја води партијата, пренесуваат британските медиуми.

Парламентарците го критикуваа партискиот став за брегзит и начинот на кој се решава појавата на антисемитизмот во партијата. Тие ќе продолжат да ги обавуваат своите должности како независни пратеници во парламентот, порача Лусијана Бергер на прес-конференција во Лондон.

Овој чекор доаѓа само неколку дена откако полицијата започна истрага за обвинувањата за антисемитизам во лабуристичката партија. Обвинувањата за антисемитизам се присутни веќе неколку години во таа партија, вклучително и оние против Корбин.

Треба да знаете
Последни објави