Search

Седуммина излекувани, нови 15 заразени од кои осум во Куманово

На Инфективна клиника починаа тројца пациенти, лице од Кочани(40) без претходни здравствени проблеми примен на клиниката на 29 март,, тетовец на 69-годишна возраст со тумор на мозокот и уште едно лице од Тетово (65) исто така без претходно познати здравствени проблеми, изјави  министерот за здравство Венко Филипче на денешната заедничка прес конференција со премиерот Оливер Спасовски.

Според него, четворица пацијенти од клиниката денеска се пуштени на домашно лекување односно се излекувани откако двата теста покажале негативни наоди, исто така и тројца лекари од Дебар кои беа заразени и тие практично се излекувани и пуштени на домашно лекување. Денеска се хоспитализирани уште десет нови заболени, или сега на Клиниката има вкупно 70 заболени. Од нив десет се со потешка здравствена слика  Новодијагностицирани се 15 нови граѓани, Куманово осум и Скопје четворица, по еден во Тетово Струга и Штип. Во изминативе 24 часа направени се 202 теста поради викендот и намален број на персонал, а просекот е  околу 350 дневно во изминативе денови.

 

Треба да знаете
Последни објави