Search

Седуммина загинати при судири на Хаити

Најмалку седум лица загинаа при масовни протести на Хаитите, за време на кои дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Учесницита на протестите, првенствено жители на најсиромашните реони на земјата, бараат оставка на хаитскиот претседател Жовенел Моиз, обвинувајќи ја неговата Влада дека не успеала да ги обезбеди основните потреби на граѓаните.

На ваквите барања Моиз одговори со порака дека нема да поднесе оставка и оти „нема да  ја остави земјата во рацете на вооружени банди и шверцери на дрога”.

Демонстрантите блокираа и повеќе патни правци во земјата, поради што стотици канадски туристи останаа заглавени во еден хотел, не можејќи да заминат до аеродромот.

Поради протестите Амбасадите на Канада и САД донесоа одлуки за времено затворење на своите амбасади во Порт-о-Пренс и евакуација на најголем дел од дипломатскиот персонал.

Стејт департментот доплонително им препорача на државјаните на САД да не патуваат на Хаитите, поради „масовни, насилни и непредвидливи протести во Порт-о-Пренс и други градови во земјата”.

Треба да знаете
Последни објави