Search

Седумка вредна рекордни 30.000.000 денари, во 43. коло на Лото 7

Согласно правилата на играта на среќа Лото 7, со достигнувањето на фонд за седумка од 30.000.000 денари, добивката за оваа категорија се замрзнува, при што од ова тековно коло – 43, добивката за оваа категорија изнесува 30.000.000 денари.

Од Државната лотарија информираат дека средствата над тој износ ќе се распоредат во фондот од втората категорија добивки, односно, се распоредуваат во категоријата за добивки со 6 погодоци.

Доколку во колото не е постигната категоријата со шест погодоци, во тој случај фондот за седумка и фондот за шестка одат во категоријата добивки со пет погодоци. Со ова мерка ќе се постигне добивките со шест погодоци, или евентуално добивките со пет погодоци, да бидат поатрактивни, што се очекува да привлече поголем интерес кај играчите.

Сумата од 30.000.000 денари е досега рекордна сума за премијата на играта на среќа Лото 7.

„Минатата година се приближивме до оваа сума во коло 5, на 8 мај, кога беше постигната седумка во вредност од 29.293.930 денари“, информираат од Државната лотарија.

Од почетокот на приредувањето на играта лото од страна на Државна лотарија, за 10 години, постигнати се вкупно 23 премии во вредност од 6.000.000 до 29.293.930 денари и тоа во: Кичево (1), Кавадарци (1), Свети Николе (1), Неготино (1), Струмица (1), Тетово (1), Куманово (2), Битола (4) и Скопје (11).

Во минатото коло (42) имаше црвено топче кое ги удвои добивките за категориите со 6, 5 и 4 погодоци и добивме 7 шестки секоја во вредност од 90.050 денари.

Тековното коло 43 чие извлекување ќе е во сабота на 30 мај, можно е да донесе рекордна висина на добивка/и со 6 погодоци.

Пред само неколку кола имаше онлајн играч од Гостивар којшто со уплата на скратен систем освои шестка вредна 385.160 денари, а пред 10 кола онлајн играч во Гевгелија освои шестка вредна 348.297,50 денари.

Доколку досега не сте се регистрирале за онлајн учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, потсетување тоа да го направите час поскоро. За онлајн играчите има и актуелна кампања 300+100.

Повеќе информации за неа и другите поволности, побарајте на социјалните медиуми и на веб-страницата на Државната лотарија.

 

Треба да знаете
Последни објави