Search

Седумдесетгодишник со пиштол решавал расправија во Гостивар

Старец од село Форино со пиштол се заканувал по распрафија во кафетерија во Гостивар, информираше МВР.

Станува збор за Л.У.(70), против кого надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 7.10 часот на улицата Браќа Ѓиноски во Гостивар.

По претходна вербална расправија Л.У. упатил закани кон З.Р.(40), Б.К.(27) и Т.Ф.(49), сите од село Добридол, при што извадил и пиштол, кој го носел со себе. Случајот бил пријавен во полицијата која кај Л.У. пронашла и одзела пиштол „Глок” и рамка со 13 куршуми калибар 9 милиметри.

Треба да знаете
Последни објави