Search

Седумгодишно дете што исчезна во виулица на Алјаска, копало дупка за да преживее

Едно 7-годишно момче од Алјаска, кое заедно со неговите роднини се изгубило во снежната виулица на Алјаска, рече дека ископале дупка за да можат да преживеат.

Етан Камил (7), Кристофер Џонсон (14), Френк Џонсон (8) и Треј Камил (2) исчезнале во руралнниот дел на Алјаска минатата недела. Спасувачките екипи ги нашле дури следниот ден така што ноќта ја поминале во снежната пустина.

Од неговиот болнички кревет, каде што се лекува од смрзнатици на рацете, Камил раскажал за „Си-ен-ен“ што направиле неговите роднини и тој за да ја преживеат ноќта на толку ниски температури.

„Прво се обидовме да го најдеме патот до дома, но не успеавме и ни стана многу студено, па ископавме дупка“, рече тој.

Неговата мајка, Ирина Камил, рече дека сите се обидувале да го заштитат колку што е можно повеќе двегодишниот Треј и дека Итан се приближил до отворот за да има повеќе простор за малото момче.

Според полицискиот извештај, родителите пријавиле дека нивните деца не се вратиле дома и дека требало да пристигнат во 1 часот попладне.

Спасувачките служби започнале потрага со хеликоптер и на терен.

Децата веднаш со хеликоптер биле пренесени во болница.

Треба да знаете
Последни објави