Search

Седницата за одземање на мандатот на Груевски закажана за четврток

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања в четврток треба да расправа за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.

Седницата е закажана со почеток во 11 часот со единствена точка на дневниот ред
Утврдување на Предлог за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, поради неоправдано отсуство на пратеникот повеќе од шест месеца, а врз основа на Известувањето од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, доставено на 15 мај 2019 година, под арх. бр. 09-2845/1.

Треба да знаете
Последни објави