Search

Седницата за законот за Јавно обвинителство закажана за 15 часот

Седницата на која треба да се разгледаат законот за Јавно обвинителство и Законот за советот на јавни обвинители треба да се одржи денеска во 15 часот, брифираат собраниски избори.

Седницата е договорена по завршувањето на координацијата на претседателот Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, во отсуство на ВМРО-ДПМНЕ.

На пратениците им било соопштено да бидат тука во 15 часот, но не е извесно дали таа ќе почне навреме и дали расправата по законот за ЈО ќе заврши во текот на денот, а утре да продолжи кога би требало да се изгласа законското решение со 2/3 мнозинство.

Законите за Јавно обвинителство и совет за јавни обвинители ќе се носат по скратена постапка откако беа разгледани на комисиите за европски прашања и законодовно-правна.

Според најавите се очекува Собранието да се распушти до недела нa полноќ.

Треба да знаете
Последни објави