Search

Седмиот носител на Вимблдон ќе донира по 100 евра за Украина за секој сервис ас

Седмиот носител на тенискиот грен слем турнир Вимблдон, полскиот тенисер Хуберт Хуркач одлучи да искаже поддршка на Украина, со донација од по 100 долари за секој негов остварен ас на неофицијалното светско првенство. Полјакот минатата година на Вимблдон стаса до полуфиналето и притоа имаше 54 ас сервиси.

Во прашање е еден од најдобрите сервери во овој момент кој во кариерата досега има 452 неодбранети сервиси. Повеќе од него имаат само Џон Иснер и Рајли Опелка. Хуркач очекува во добро светло да се престави на Вимблдон и на годинашното издание.

 

Треба да знаете
Последни објави