Search

Седер: 20.000 заразени дневново Германија е реално сценарио

Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Седер, смета дека сценариото за 20.000 новоинфицирани лица на ден може да биде реално за Германија.

Во последните 24 часа, во Германија се пријавени 2.503 случаи на коронавирус, соопшти Институтот Роберт Кох. Уште дванаесет лица починаа за 24 ачса.

– Сепак, се виде колку брзо ситуацијата може да се промени, изјави Седер за РТЛ.

Тој рече дека не смее да се негира опасноста. Канцеларката Ангела Меркел веќе предупреди на силно зголемување на бројот на заразени во текот на есента и зимата.

 

Треба да знаете
Последни објави