Search

Севернокорејскиот амбасадор во Италија се крие на непознато место

Јужнокорејската шпионска агенција соопшти дека амбасадорот на Северна Кореја во Италија се скрил на непознато место, објави ББЦ. Најавата следи по извештаите дека високиот дипломат на Пјонгјанг во Италија барал азил од неидентификувана западна земја.

Џо Сонг-Гил се верува дека е син или зет на еден од највисоките функционери во Северна Кореја.

-Неговиот мандат заврши кон крајот на ноември минатата година, а тој избега од дипломатскиот објект на почетокот на ноември, изјави владин претставник, Ким Мин-ки, пратеник во владата.

Се верува дека сопругата на Џо е со него.

Џо (48) е вршител на должноста амбасадор во Рим од октомври 2017 година, откако Италија го протера тогашниот амбасадор Мун Џонг-Нам во знак на протест поради нуклеарниот тест на северот.

Треба да знаете
Последни објави