Search

„Северниот пол” на Марија Апчевска награден на фестивал во Франција

Филмскиот проект „Северниот пол” на режисерката Марија Апчевска ја доби наградата „Festival International du Film d’ Aubagne” на 13. „European Short Pitch – Nisi Masa” и беше еден од трите наградени проекти на сесијата одржана во францускиот град Брест.

-Програмата „European Short Pitch – Nisi Masa” е престижен настан чија цел е поттикнување  европски копродукции, развивање и создавање интернационално признати филмови. Настанот се состои од три дела: работилница за развој на сценариото, онлајн-сесија и копродукциски форум кој ги обединува режисерите, сценаристите и продуцентите на избраните проекти со филмски професионалци од цела Европа, соопшти Агенцијата за филм.

Право на учество имаат земјите членки на Европската Унија и Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Норвешка, Србија и Украина.

Членовите на мрежата Nisi Masa  номинираат 40 сценарија од пријавените проекти, по што жирито избира 16 финални проекти. Резидентната работилница за развој е под менторство на реномирани и наградувани сценаристи, режисери и продуценти, по што следи и онлајн-сесија за понатамошен развој.

Во рамките на копродукцискиот форум пак, проектот „Северниот пол” го претставија сценаристот и режисер Марија Апчевска и продуцентот Роберт Насков од продукцијата „Кино око”.

-Во текот на изминатите години, голем дел од проектите развивани тука биле дел од престижни фестивали, како Кан, Венеција, Берлин и многу други, што дополнително го потврдува значењето и квалитетот на работилницата и форумот, наведува Агенцијата за филм

Треба да знаете
Последни објави