Search

Северна Кореја се закани дека ќе продолжи со нуклеарни проби

Северна Кореја денеска соопшти дека општата осуда за нејзините тестирања на балистички ракети ги смета како „голема провокација” и се закани дека ќе продолжи со нуклеарни и ракетни тестови.

– Нашето трпение има граници, а осудата ја наведува Северна Кореја да се преиспита дали да го продолжи разоружувањето што го почна со цел да гради доверба со САД, се наведува во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Европските земји во Советот за безбедност на ОН го осудија неодамнешното тестирање на балистичките ракети на Северна Кореја.

Нуклеарните преговори меѓу САД и Северна Кореја завршија минатиот викенд без успех.

Треба да знаете
Последни објави