Search

Северна Кореја прекрши резолуции на ОН со ракетните проби

Џон Болтон, советникот за национална безбедност на американскиот претседтаел изјави дека „не постои сомневање” дека Северна Кореја ги прекршила резолуциите на ОН со неодамна извршените ракетни тестови и рече дека санкциите мора да останат во сила.

„Резолуциите на Советот за безбедност на ОН го забрануваат лансирањето балистички ракети”, рече Болтон на тркалезна маса во Токио пред четиридневната државна посета на американскиот претседател Доналд Трамп во Јапонија.

Сепак, Болтон рече дека САД се подготвени да продолжат разговори со Северна Кореја во секое време.

Треба да знаете
Последни објави