Search

Северна Кореја лансираше две ракети

Северна Кореја лансираше денеска две балистички ракети до краток домет во морето на источниот брег, соопшти јужнокорејската војска.

„Нашата војска ги следи движењата од северот и во случај на дополнителни лансирања е подготвена за секоe сценарио“, велат од генералштабот на Јужна Кореја.

Јужнокорејската војска наведе дека ракетите летале околу 380 километри на максимална височина од 97 километри.

Тоа е веќе седми пат, Северна Кореја да лансира ракети по средбата помеѓу американскиот и севернокорејскиот лидер, Доналд Трамп и Ким Џонг-ун, потсетува „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави