Search

Северна Кореја има нов устав: Ким Џонг-ун доби нова титула

Новиот севернокорејски устав, кој познавачите на околностите го сметаат за чекор кон воспоставување  мир со САД, официјално го прогласува Ким Џонг-ун за шеф на државата и врховен командант на вооружените сили.

Северна Кореја долго време бара мир со САД со цел нормализирање на односите и отстранување на техничката состојба на војна, која постои од периодот на Корејската војна (1950 – 1953), што заврши со примирје, а не со официјален мировен договор, пишува хрватски „Индекс“.

Новиот устав, објавен на државниот портал „Naenara“, вели дека Ким како претседател на Советот за државни работи, главното извршно тело формирано во 2016 година, е „врховен претставник на сите Корејци“, што значи дека е прогласен за шеф на државата и врховен командант на вооружените сили.

Претходниот устав го именуваше Ким како врховен лидер кој раководи со целата вооружена сила на земјата.

Формално, според претходниот устав, шефот на државата беше претседател на парламентот, односно шеф не презедиумот на врховното народно собрание.

„Ким сонуваше да стане претседател на Северна Кореја и тој го направи тоа“, вели Ким Донг-јуп, професор на Институтот за Далечниот Исток на Универзитетот Кјунгнам во Сеул.

Треба да знаете
Последни објави