Search

Северна Кореја го осуди САД поради заострените санкции

Северна Кореја денеска ја осуди американската администрација  бидејќи ги заостри санкциите и го засили притисокот врз земјата, а Пјонгјанг истовремено предупреди дека севернокорејското разоружување може да биде блокирано засекогаш.

– Вашингтон презеде казнени мерки дури осум пати против компании, поединци и бродови, не само во Северна Кореја, туку и во Русија, Кина и други трети земји …, соопшти Министерството за надворешни работи на Северна Кореја.

Министерството порача дека засекогаш ќе го блокира патот кон денуклеаризација на Корејскиот полуостров доколку администрацијата на САД мисли дека засилените санкции и притисокот ќе го присилат Пјонгјанг да отстапи од нуклеарното оружје.

– Тоа ќе биде најголема и погрешна проценка, а никој не сака таков резултат, се додава во соопштението.

Северна Кореја одговори откако САД во понеделникот соопштија дека вовеле санкции за тројца севернокорејски официјални претставници, вклучувајќи и висок помошник на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, поради наводно кршење на човекови права.

Треба да знаете
Последни објави