Search

Северна Кореја ги прекрши санкциите на ОН

Северна Кореја ги прекрши санкциите на ОН со масовно зголемување на увозот на нафта и извозот на јаглен, се вели во најновиот извештај на Обединетите нации.

Во документот објавен во понеделникот од страна на панелот експерти на ОН за Северна Кореја,  се додава и дека Пјонгјанг, исто така, се обидел да продава оружје на Блискиот Исток и да ги хакира банките низ целиот свет.

Во извештајот се наведува дека Пјонгјанг и понатаму ги негира одлуките на Советот за безбедност со масовно зголемување на бројот на бродски трансфери на нафтени производи и јаглен.

Продажбата на јаглен е еден од најголемите извори на приход за Северна Кореја. Санкциите на ОН, кои требаше да го казнат Пјонгјанг за ракетните и нуклеарните тестови спроведени во 2017 година, го ограничија количеството на јаглен што земјата може да го продава на меѓународно ниво. Мерките, исто така, го ограничија и количеството на нафтени и енергетските производи што земјата може да ги увезува.

Во извештајот се додава дека Северна Кореја, исто такам се обидува да ги снабдува со оружје и друга воена опрема бунтовниците во Јемен, Либија и Судан преку странски посредници.

Северна Кореја одамна бара отстранување на санкциите на ОН, за кои тврди дека го нарушуваат нејзиниот суверенитет.

Ким Сонг, претставникот на Северна Кореја за Обединетите нации, во понеделникот испрати писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутерес, повикувајќи го Советот за безбедност на ОН да ги отфрли санкциите, објавија државните медиуми од Северна Кореја.

Треба да знаете
Последни објави