Search

Северна Кореја бара посериозна и позрела личност од Помпео за нуклеарни преговори

Северна Кореја повеќе не сака американскиот државен секретар Мајк Помпео да биде вклучен во нуклеарните разговори барајќи некој што е повнимателен и зрел во комуникацијата, објавија севернокорејските државни медиуми во четвртокот.

Официјалната новинска агенција ККНА исто така го цитира Квон Јонг Гун, висок официјален претставник на севернокорејското Министерство за надворешни работи, кој рече дека никој не може да ја предвиди ситуацијата на Корејскиот Полуостров ако САД не се откажат од она што тој го нарече главната причина поради која Пјонгјанг почна да ја развива својата нуклеарна програма.

Претходно, Северна Кореја соопшти дека тестирала нов вид нуклеарно оружје, прв тест по речиси половина година. Тестираното оружје не беше од забранет вид, што инаку би претставувало пречка во нуклеарните преговори со Вашингтон.

Тестот на балистички ракети ќе ги загрози дипломатските разговори, кои треба да му овозможат на Северот концесии во замена за разоружување.

Преговорите со САД за прекин на нуклеарната програма на Северна Кореја во моментот се во застој поради што многумина стравуваат дека Пјонгјанг ќе продолжи со активности што би можеле да бидат интерпретирани како провокација со цел да го принуди Вашингтон да се откаже од своите барања и да ги отстрани санкциите врз Северна Кореја.

Треба да знаете
Последни објави