Судијката Теа Гулаб денеска во Загреб донела привремена мерка и одлучила синот на пејачката Северина Којиќ(47г) и српскиот бизнисмен Милан Поповиќ (54), Александар  да живее со таткото  и Поповиќ самостојно да се грижи за неговото здравје образование и воспитување.

На денешниот процес во Општинскиот граѓански суд во Загреб поранешните сопружници не се појавиле во судницата.

Во правната битка околу старателството над детето, популарната пејачка Северина го загуби спорот со екс сопругот Милан Поповиќ.

-Задоволни сме со пресудата иако се уште не е правосилна. Се надевам дека мајката ќе ги почитува привремените мерки, изјавил адвокатот на Милан Поповиќ за 24 сата.

Судијката Теа Голуб во својата одлука не навела на која адреса ќе живее синот на Северина и Милан.

Адвокатот на Северина, Мате Матиќ пред два дена поднел пријава против Милан Поповиќ поради повреда на правата на детето.

Според одлуката на судот, привремената мерка практично значи дека Северина Којиќ денеска би требала синот да му го предаде на Милан, кој според одлуката може детето слободно да го однесе во Србија, или на некоја друга адреса и да се грижи за него.

-Александар конечно ќе продолжи да оди на училиште, а не на концерти.Знам само дека мојот син не бил на училиште од 14 . 10 2019 година, сега ќе мора да зема дополнителни часови за да го надомести загубеното. Во неговото училиште немаше штрајк, што значи дека пропуштил многу од градивото, објаснил Поповиќ.

Српскиот бизнисмен кој покрај Александар е родител на уште два сина, поради синот добиен во бракот со Северина во Загреб купил куќа за што повеќе да биде со синот.