Search

Северен Кипар: Нема причини за загриженост, ракетата случајно паднала

На средбата со шефот на Генералштабот на турската армија, Јашар Ѓулер, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Северен Кипар, Кудрет Озерсај, изјави дека нема причини за загриженост по радот на ракета на севернокипарската територија, пренесува „Спутник“.

„Инцидентот се случи по синоќешниот масивен напад изведен на сириска територија. Нема причини за загриженост. Не станува збор за никаков отровен гас. Граѓаните можат да бидат спокојни“, истакна тој.

Озерсај исто така рече и дека ракетата од сириска територија случајно паднала на територијата на Северен Кипар.

Според прелиминарните информации, станува збор за ракета од руско производство во рамките на ПВО-системот кој бил активиран за да се одбие воздушниот напад на Сирија.

Озерсај додаде дека ракетата најверојатно паднала на територијата на Северен Кипар откако ја погодила својата цел бидејќи, според анализите на нејзините остатоци, јасно е дека експлодирала прд да падне на земја.

Експлозијата се случи околу 1 часот во регионот Ташкент, познат како Воуно, на 20 километри североисточно од Никозија, пренесе „Ројтерс“ утрово. Ридот кој паднал проектилот се запалил.

Претседателот на Северен Кипар, Мустафа Акинџи, оцени дека инцидентот е поврзан со воените операции на Блискиот Исток, но додаде дека воената истрага ќе утврди што е во прашање.

„Очигледно е дека тоа не потекнува од нашите територии. Ова е една од лошите страни на војната“, изјави Акинџи.

Треба да знаете
Последни објави