Search

Себастијан Курц се повлекува од политиката?

Лидерот на Народната партија на Австрија, поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц, се повлекува од политиката, пишува во извештаите на регионалните медиуми.

Курц, кој неодамна стана татко, најави дека во 11:30 часот ќе им се обрати на медиумите со лична порака, пишува „ДерСтандард“.

Според новинарските извештаи во партиските кругови веќе гласно се зборува дека Курц решил целосно да се повлече од политиката. Него треба да го замени министерот за внатрешни работи Карл Нехамер како лидер на ОВП.

До неодамна се шпекулираше дека Курц би можел да се врати во самиот врв на политиката откако ќе заврши истрагата против него.

Треба да знаете
Последни објави