Search

СДСМ:Tимот на Сиљановска треба да знае дека лажно пријавување е кривично дело

Тимот на Гордана Сиљановска кој секојдневно шири лаги треба да знае дека лажно пријавување е кривично дело. Толку е голем стравот од пораз на Сиљановска на овие избори па нејзиниот тим смислува лажни вести и измислени филмови за апликации кои не постојат.

СДСМ веќе ги демантираше сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ, не постои апликација којашто прибира податоци, лични информации, видеа, фотографии, ниту активности на интернет.

Основното непознавање на технологијата и современите системи за водење на кампања на застарената ВМРО-ДПМНЕ, заглавена во минатото, е нивни проблем. ВМРО ДПМНЕ е партијата симбол на криминал од невидени размери, измами, најголема можна злоупотреба на институциите и загрозена приватност на граѓаните со масовно прислушкување. Сите нивни невистини, лажни тврдења, лажни вести и измислени филмови во кои никој не верува се остатоци од истата криминална матрица на Никола Груевски која се пресликува во ВМРО-ДПМНЕ и во штабот на Гордана Сиљановска. Години на притисоци, закани, грабеж за лични цели, на грбот на граѓаните  и пустошот кој го оставија зад себе не се заборава и не може да се избрише од сеќавањата на граѓаните со лаги и невистини. Впрочем, бројни судски постапки и истраги се веќе во тек за криминалот на режимот на Никола Груевски.

 

 

Треба да знаете
Последни објави