Search

СДСМ: Што финансирале фирми на Орце Камчев, кој е осомничен во неколку предмети на СЈО?

МАКЕДОНИЈАСДСМ: Што финансирале фирми на Орце Камчев, кој е осомничен во неколку предмети на СЈО?Објавено пред 2 часа – 7 декември, 2019Од Макфакс

„ВМРО-ДПМНЕ соочена со убедлив и извесен пораз на претстојните парламентарни избори кулминира со нервозни соопштенија и страв дека вистината за нивниот најнов криминал ќе излезе на виделина. Молкот на опозицијата за незаконскиот долг од 400.000 евра за кампањата на Сиљаноска е гласен индикатор дека ВМРО-ДПМНЕ прикрива голем скандал, голема афера“, соопшти СДСМ.

Партијата прашува што финансирале фирми на Орце Камчев, осомничен во неколку предмети на СЈО?

„Дали има врска со рекет во самата ВМРО-ДПМНЕ?Овие одговори треба да ги даде истрагата.Фактите се јасни, ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска.Тоа е спротивно на член 71 од Изборниот законик каде е наведено дека сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка.Наместо да штанцаат нервозни соопштенија од симболот на криминал и расипништво, нивниот бел дворец, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат на јавно поставените прашања.Одговорност за оваа афера мора да има“, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави