Search

СДСМ: Цените на горивата беа највисоки за време на режимот на Груевски

Безидејната ВМРО-ДПМНЕ повторно лаже, рекордно највисоки цени на горивата имаше во 2012 година за време на режимот на Груевски, а нема ниту ново нето-задолжување на државата, реагира СДСМ по прес-конференцијата на Димче Арсовски.

„ВМРО ДПМНЕ повторно бесрамно ја лаже јавноста. Рекордно највисока цена на горивата беше постигната во времето на режимот на Никола Груевски или поточно во април 2012 година кога литар ‘eвросупер 95’ чинеше 89 денари, ‘евросупер’ со 98 октани чинеше 90,5 денари, а литар дизел се продаваше за 73,5 денари. Со оглед на тоа дека Регулаторната комисија за енергетика е тело што функционира самостојно, а не го диктира Владата, туку го диктира цената на дериватите на светско ниво, односно се раководи со порастот или намалувањето на цената на суровата нафта на светскиот пазар, ова е уште една од лагите на ВМРО-ДПМНЕ со кои сака да ја манипулира јавноста“, наведе СДСМ во реакцијата.

Владејачката партија вели дека денеска ВМРО-ДПМНЕ излегла со уште една од низата лаги, а тоа е нето-задолжувањето на земјава.

„Според соопштението на Министерството за финансии, нема ново нето-задолжување со денешната аукција. Имено, на аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 2,4 милијарди денари (39 милиони евра), од кои утре ќе се врати приближно ист износ или 2,4 милијарди денари (39 милиони евра) по основ на порано издадени и достасани за отплата државни хартии од вредност. Очигледно, безидејната ВМРО-ДПМНЕ не знае за ништо друго, освен пласирање лажни вести и невистини. Соочени со извесниот пораз на претстојните претседателски избори, расте нервозата, расте и очајот кај ВМРО-ДПМНЕ, па преку лаги и невистини се обидува да ја манипулира јавностa“, додаде СДСМ во реакцијата.

Треба да знаете
Последни објави