Search

СДСМ: Целиот демократски свет го поздрави усвојувањето на уставните измени

Со усвојувањето на уставните измени имплементиран е Договорот од Преспа со што се отвораат перспективите кон светла македонска иднина во ЕУ и НАТО, велат од владејчката СДСМ.

„Целиот демократски свет, Европската унија, САД, НАТО, Германија, Велика Британија, Европската комисија, Австрија и други го поздравија усвојувањето на измените на Уставот, честитаа на историската одговорност на пратениците и граѓаните и ја потенцираа нивната натамошна поддршка во процесот на интеграција во двата најмоќни сојузи во светот.

Сами, без поддршка од граѓаните и целосно изолирани остана раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Јанко Бачев и неговиот портпарол Христијан Мицкоски. Дебакл за маргинална група верна на кукавицата Никола Груевски, осамена во поразените политики на деструкција и изолација. На страна на граѓаните, напредокот и иднината е целиот демкократски свет, прогресивните демократски сили во државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека македонското едно општество се издигнало над политките на изолација и поделби, „идентитетот е загарантиран, а македонската иднина во ЕУ и НАТО е обезбедена“, се посочува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави