Search

СДСМ: Успехот на Македонија е најголемиот пораз за Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успехот на Македонија и потпишувањето на Протоколот за пристапување во НАТО. Затоа шири лаги.Антинародното ВМРО-ДПМНЕ е крајно лицемерно, соопшти СДСМ.

Според партијата, пред само неколку денови опозициската партија го поздрави потпишувањето на Протоколот, а денеска шири невистини, насочени против Договорот од Преспа еден од условите за влез во НАТО и продолжување на интеграцијата во ЕУ.

,,До таму отиде криминалното ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Христијан Мицкоски што членството во НАТО и напредокот во ЕУ го прогласија за капитулација.Членството во НАТО ја обезбедува иднина, стабилност и сигурност за граѓаните, за децата и следните генерации. Членството во НАТО носи безбедност, но и инвестиции, поголеми плати, повеќе пари, нови и подобро платени работни места.

Што се однесува до невистините на ВМРО-ДПМНЕ, употребата на новото име Република Северна Македонија согласно Уставните измени и Договорот од Преспа стапува на сила по усвојување на Протоколот за пристапување во НАТО од страна на парламентот во Грција.
По години изолација, уназадување и поделби, Македонија конечно тргна напред, сврте нова страница на развој, напредок и интеграција. Тој историски успех на нашата татковина е најголемиот пораз за антизападниот Мицкоски”, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави