Search

СДСМ три години ги лаже граѓаните, нема ниту инфраструктурни, ниту капитални инвестиции!

Соопштение до јавноста- реакција на изјава на Благој Бочварски

 

СДСМ свесно ги лажеа граѓаните изминатите 3 години. Ветуваа многу не остварија ништо. Неспособноста и нестручноста на оваа влада предводена од СДСМ излегуваат на дело. На СДСМ на автопатишта, инфраструктира и градби им текнува само пред избори. Ветуваа изградба на автопатишта низ цела Македонија, а не исполнија ништо.

Ветија изградба на 600 километри автопатишта, а не започнале ниту 1 километар. На лагите очигледно им нема крај. Нема капитални инвестиции, нема инфраструктурни прокети, нема нови автопатишта и нови регионални патишта. Неспособната влада на СДСМ не може ни да се грижи и да ја оддржува инфраструктурата изградена од ВМРО-ДПМНЕ. Розевите очила СДСМ и понатаму ги носат. Граѓаните знаат кој градеше во Македонија.

Граѓаните од Република Македонија од СДСМ добија само хибриден режим, неспособност, сиромаштија и корупција. Граѓаните ги прочитаа СДСМ, кога и да се изборите овие купишта лаги ќе завршат. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе реализира подобра инфраструктура, повеќе инвестиции, и подобри услови за граѓаните.

 

Треба да знаете
Последни објави