Search

СДСМ: СЈО мора да продолжи да работи како посебно обвинителство

СЈО мора да продолжи да работи како посебно обвинителство, вели Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагирајќи на прес-конференцијата на Тони Менкиноски, кој претходно рече дека ВМРО-ДПМНЕ доставиле забелешки на 120 страници за законот за СЈО.

„ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во матрицата на партизација, притисоци и злоупотреби врз обвинителството. Затоа правдата за нив е проблем. Колку и да не му се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО мора да продолжи да работи како посебно обвинителство на откривање и расчистување на случаи поврзани со висока корупција, мора да продолжи со предистражните постапки и обвиненија коишто се покренати и по 18-те месеци по предавањето на материјалите. Тоа го овозможува новиот Закон за јавно обвинителство и затоа предлог законот е најсоодветното решение коешто е доставено и истиот треба да се имплементира без одолговлекување, бидејќи е во интерес на правдата, граѓаните и државата“, вели СДСМ во реакцијата.

Треба да знаете
Последни објави