Search

СДСМ: Со повратот на ДДВ секое семејство добива доход плус во домашниот буџет

Преку мерките и проектите кои ги спроведува Владата предводена од СДСМ се повеќе пари завршуваат кај граѓаните. Повратот на ДДВ од 15 проценти е уште една од низата мерки кои директно влијаат на домашниот буџет на секое семејство.

Преку реализацијата на проектот „Мој ДДВ” околу 50 милиони евра годишно ќе завршуваат во семејните буџети на граѓаните, како  доход плус во секое домаќинство.

Освен повеќе пари во семејствата, со оваа мерка директно ќе се влијае на намалување на сивата економија и даночно затајување. Повратот на дел од ДДВ ќе ги охрабри граѓаните да побараат фискални сметки и со тоа да влијаат врз намалувањето на сивата економијата и даночната евазија.

Пристап кон оваа мерка ќе има секое лице над 15 години кое поседува лична карта и трансакциска сметка ,а целата постапка се врши преку мобилен телефон, што како мерка ја прави едноставна за користење.

Во последните две години, Владата предводена од СДСМ, низ одговорен и домаќински пристап, преку низа мерки обезбедува повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин.

Намалувањето на нотарските и трошоците кај извршителите од 50-90 проценти, намалувањето на казните за правни и глобите за физички лица до 75 проценти,намалувањето на ДДВ за парно греење од 18 на 5 проценти, укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината тарифа на струјата, растот на минималната плата на 10.500 денари, на просечната плата, зголемувањето на социјалната помош до 300 отсто, се само дел од досега спроведените мерки кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.

Зборот важи! Владата предводена од СДСМ парите ги враќа назад кај граѓаните, наспроти ВМРО – ДПМНЕ кои 11 години им ги земаа парите на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави