Search

СДСМ: Со лажни вести за редефинирање, Мицкоски сака да предизвика внатрешни поделби

ВМРО-ДПМНЕ и Груевски со месеци лажеа за градење кампови и станови за мигранти, лажеа за наводни федерализации и кантонизации, велат од СДСМ како реакција на денешната изјава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, за редефинирање на државата и политичкиот систем.

Од владејачката партија сметаат дека ваквите лажни вести се уште една потврда дека, како што велат, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, односно дека Мицкоски е ист како Груевски.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не само што се против напредокот, против интеграција на државата, со ваквите невистини очајно се обидуваат да го вратат времето на поделби и тензии во кое со години ја држеа државата заробена“, стои во партиската реакција.

Во неа се додава дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што не можат да разберат дека пописот е статистичка, а не политичка операција и единствените што навиваат за неуспех на државата.

Треба да знаете
Последни објави