Search

СДСМ Скопје: Арсовска не знае ни колкав е буџетот на градот Скопје, а се кандидира за градоначалник

Откако уште еднаш избега од ТВ дуел со Петре Шилегов, Арсовска во интервјуто на „Телма“ покажа дека има елементарни непознавања за раководење со Град Скопје.
Арсовска не знаеше да каже ни колкав е буџетот на град Скопје за 2021, а сака да биде градоначалник на Скопје.

Арсовска не знаеше да каже ни колку точно во бројки ќе чинат нејзините 250 автобуси и бесплатниот јавен превоз, па Лупевска мораше да и направи математика дека може и милијарда евра да се потребни за таков проект.

Арсовска не знаеше да каже ни каде ќе бидат лоцирани ветените Мега-паркови по урнек на градскиот парк во Скопје, затоа што и мало дете знае дека Скопје нема толку неурбанизиран простор за Мега-паркови.

Арсовска не знаеше ни да објасни како ќе го реши проблемот со гасификацијата, затоа што нема основни познавања за проблематиката.

Данела Арсовска не ги знае овие елементарни работи за Скопје, затоа што никогаш не ја интересирале Скопје и скопјани. Она што најмногу ја интересирало Арсовска е како да упропастува јавни добра како Скопската сала „Расадник“, за да прави профит за нејзините семејни фирми.
Токму затоа што не знае и избегнува новинарски прашања за нејзините мегаломански и утопистички ветувања, Данела Арсовска бега од дебати и соочувања со Петре Шилегов.

Треба да знаете
Последни објави