Search

СДСМ сите отстапки ги направи и за ЕУ, а сега говорат за план Б, кој е планот Б? Има ли пилот во авионот?

Интегрален текст од прес конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Владата на Зоран Заев и СДСМ е тотално изгубена. Ветото за почеток на преговорите ја извади на виделина целата нивната неспособност и во сегментот на надворешната политика. Министерот Никола Димитров, еден од најодговорните заедно со Заев за ќор сокакот во кој се наоѓа Македонија денес говори за алтернативни решенија за европеизација на Македонија, а само до пред еден месец говореше дека нема никаква друга алтернатива за државата. Впрочем сите тие договори, отстапки од националните интереси ги правеа во име на Европската Унија, а сега говорат за план Б. Но кој е тој план Б? Има ли пилот во владата? Зошто Македонија менуваше уставно име и дали го смени само за да добие уште едно ново вето?

И Заев и Димитров и функционерите на СДСМ сега глумат изненаденост, велат, ако знаеле за ветото немало ни договорот да го поддржат. Нека не глумат невини. Целата јавност им говореше дека договорите се штетни и не гарантираат европска иднина, ама тие на сила и со арогантност ги спроведуваат. Затоа и ги прашуваме ако сега имаме вето и ако власта на СДСМ се свесни дека погрешиле, што ќе направат со договорите? Европската иднина се гради со реформи, а не со пазарџиско лажење и лажни ветувања. Реформите кои ги ветуваа и уште ги ветуваат не направија ништо, ама баш ништо да ги реализираат изминатите три години. Плановите, 3-6-9, 12 станаа три година а се уште не се реализираа. Напротив изминатите три години Македонија назадуваше. Станавме најкорупмирана држава во Европа, а Заев стана синоним за корумпиран политичар. Ваквата состојба Бугарија вешто ја користи и ги наметнува своите негаторски и нерационални барања. Да имаше Македонија Влада со европски вредности, а не корумпиран картел на власт, бугарското вето немаше да се случи.

За жал тоа го знаат и Бугарите. Знаат дека има корумпирана влада,вВлада и Премиер кои за пари се подготвени да сторат се. Концесиите кои се давани од страна на Заев и уцените од страна на бугарската страна која што сега ја испорачуваат фактурата одат рака под рака. Затоа Заев сега молчи и се крие. Молчи пред навредите на Каракачанов, молчи пред негаторските и навредливи изјави од страна на Каракачанов и бугарската страна кон Македонија и македонскиот народ.

Еве прашуваме уште еднаш, зошто не реагира и не ги демантира Владата сите овие изјави?

Зоран Заев е политичр заглавен во својата пазарџиска и коцкарска позиција во која на маса ја стави иднината на државата, народот и идентитетот. Излезот од ова е само оставки од Заев и Димитров, Шеќеринска и формирање влада на национален спас. Поразена е нивната патлиџан дипломатија, разоткриена е нивната неспособност. Тие се камен околу вратот на Македонија и колку побрзо заминат, толку подобро за Македонија.

Треба да знаете
Последни објави