Search

СДСМ: Сите граѓани имаат еднакви шанси и пристап за вработувањe

Ургенции и партиски вработувања се одлика на времето на ВМРО ДПМНЕ, денес сите граѓани имаат еднакви шанси и пристап за вработувањe. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како партијата симбол на непотизмот, реагираат од СДСМ.

„11 години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ се 11 години на обезбедување и сместување на блиското семејство и роднини на функционери на ВМРО-ДПМНЕ на работни позиции резервирани исклучиво само за нив.

Затоа ВМРО ДПМНЕ кога зборува за оваа тема треба да се обрати до Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници кои се класичен пример за непотизам.

Сè додека нивните роднини не се повлечат од работните места, ВМРО-ДПМНЕ нема образ пред граѓаните да зборува нешто на оваа тема.

Државната комисија за спречување корупција потврди дека во десетици случаи раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку директни ургенции и влијанија отворало специјални места за нивни членови и блиски роднини.

Христијан Мицкоски, Антонио Милошовски, Кирил Божиновски, Игор Јанушев, Анастасија Илиевска, Димитар Стевананџија, Спиро Ристовски се само дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои се примери за непотизам и вработување роднини во државни институции.

Времето на непотизам и партизација на институциите заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Македонија сврте нов лист.

Денес градиме и се залагаме за општество со еднакви можности за сите. Институциите функционираат транспарентно, огласите се јавно достапни, а за секое вработување кандидатите треба да ги исполнуваат потребните критериуми и да имаат соодветни компетенции.

ВМРО-ДПМНЕ треба да учи што е државничко и одговорно однесување, да ги почитува одлуките на ДКСК и да ги повлече сите роднини од работните места“, се наведува во партиската реакција.

Треба да знаете
Последни објави