Search

СДСМ: Силјановска му се поклони на груевизмот, со потписот бара и селфи

Силјановска му се поклони на Груевизмот и на дело го применува, се потврди, изборот на кандидатката на Мицкоски е фарса, вели Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.

СДСМ подвлече дека Мицкоски бил соочен со изгубената поддршка од граѓаните, но и внатре од своите сопартијци и пратеничката група, па затоа ги принудувал членовите на ВМРО-ДПМНЕ да собираат потписи.

„Бидејќи очигледно немаат доверба ниту во сопствените членови Мицкоски и Силјановска бараат од нив да потврдат дека се попишале со самосослк или т.н. селфи. Тоа е вообичаениот начин на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски за идентификација, односно лоцирање на оние членови кои постапуваат спротивно на наредбата на партискиот шеф“, смета СДСМ.

Владејчаката партија вели дека со тоа Силјановска на дело почнала да го применува груевизмот меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„На граѓаните и на Република Северна Македонија не им е потребен уште еден партиски послушник, не им е потрбен нов Иванов, фикус или кактус, туку вистински претседател кој ќе ги застапува интересите на сите граѓани. Силјановска и Мицкоски бадијала ги принудуваат членовите на ВМРО-ДПМНЕ, ги чека пораз на претсеадтелските избори“, додава СДСМ во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави