Search

СДСМ: Се нивелираат платите во областа на културата, 2 899 вработени добиваат повисоки плати

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа и обезбедување повисоки плати за сите граѓани.Со одлука на Владата за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата, 2899 лица вработени во културата ќе имаат зголемени плати почнувајќи од платата за месец април 2019 година, соопшти партијата.

Според СДСМ, со нивелацијата на платите се опфатени сите вработени во културата, односно вработените во националните установи и вработените во локалните установи од областа на културата, што занчи дека дури околу 80 отсто од вработените од областа на културата ќе имаат повисоки плати.

,,Со ова се исправа долгогодишна неправда кон вработените во одредени институции кои добиваат различни плати за исти работни места со исти работни обврски.Трендот на раст на платите продолжува, Владата предводена од СДСМ останува посветена на подигање на стандардот во културата и обезбедување повисоки плати и повеќе пари во секое семејство”, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави