Search

СДСМ: Растот на индустриското производство во 2018 е најголем во последните седум години

Растот на индустриското производство во 2018 година е највисок во последните седум години, велат од владејачката партија, нагласувајќи дека успешните економски политики на Владата продолжуваат да даваат реални резултати.

Од таму додаваат дека индустриското производство во 2018 бележи раст од 5,4 отсто.

„По години уназадување, додека државата се наоѓаше во неизвесност и изолација, денес со придвижувањето во процесот на интеграциите, местото во НАТО, економијата е стабилизирана и се движи во добар правец. Покрај индустриското производство, расте и прометот во индустријата, извозот, како и бројот на работници во индустријата“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ додаваат дека со влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ, ваквите позитивни трендови дополнително ќе се интензивираат.

Треба да знаете
Последни објави