Search

СДСМ: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ нуди деструкции, блокади и одбрана на криминалот на Груевски

Со неосновани барања за интерпелации ВМРО-ДПМНЕ нема да ги закочат реформите ниту напредокот, Македонија оди напред, реагира СДСМ на барањата на опозицијата министрите Никола Димитров и Оливер Спасовски да поднесат оставки.

„Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните им сервираше темнина и црнила, граѓаните осиромашуваа, економијата тонеше, компаниите ставаа клуч на врата, младите ја напуштаа Македонија, евро-интеграцискиот процес смислено беше закочен а Македонија стана изолирана држава. Денес, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски нуди само деструкција, блокади и одбрана на криминалот на Никола Груевски и соработнциите. Насилниците од 27-ми април Мицкоски ги прогласи за патриоти со што уште еднаш потврди дека е ист како неговиот ментор, Никола Груевски“, велат од СДСМ.

Преку несериозни и неосновани барања, додаваат од таму, интерпелации и измислици, Мицкоски нема да успее да ги закочи реформите, нема да ги блокира процесите за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ и нема да обезбеди заштита на криминалите на Груевски.

Треба да знаете
Последни објави