Search

СДСМ: Претседателот Заев одликуван со Мировната награда на Вестфалија за 2020 година, за „врвна дипломатска вештина” во решавање на спорот со името

Светот ги препознава и поздравува вистинските вредности. Уште една голема потврда за тоа е  одликувањето на претседателот на СДСМ Зоран Заев со Мировната награда на Вестфалија за 2020 година.
Претседателот Заев заедно со Алексис Ципрас како поранешни премиери  се одликувани со Мировната награда на Вестфалија за 2020 година, за својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, а во образложението на самата награда е нотирано дека двајцата одликувани постигнале спогодба во деценискиот спор околу името „Македонија” со „врвна дипломатска вештина”.

Дека без поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев и екс-грчкиот премиер Алексис Ципрас, „спорот околу името уште долго немаше да има крај и кавгата меѓу соседите и натаму ќе го дестабилизираше целиот балкански регион”, беше потврдено и од страна на претседателот на Економското здружение на Вестфалија и Липе, Рајнхард Цинкан.

Наградата на Вестфалија за мир се доделува секои две години, почнувајќи од 1998 година. Таа е донирана од Економското здружение на Вестфалија и Липе, унија на повеќе претпријатија и Универзитетот во Минстер.

Меѓу досегашните добитници на признанието се вбројуваат и поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел, поранешните германски канцелари Хелмут Кол и Хелмут Шмит, како и поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан.

Ова е уште едно големо признание и потврда за храброста и визионерството на претседателот Зоран Заев , со оглед на тоа дека одликувањето им се дава на поединци и институции кои станале пример со својата работа и залагање за мир.

Треба да знаете
Последни објави