Search

СДСМ предлага Јовевски да се грижи за платите и давачките на СЈО

Следната недела на дневен ред пред пратениците во Собранието на Македонија ќе се најдат предлог законските измени за јавнообвинителска служба според кој се предлага меѓу другото сите парични и платни налози, но и работни задачи за вработените во Специјалното јавно обвинителство да се грижи републичкиот Јавен обвинител Љубомир Јовевски. Во предлог законот е наведено дека сите порано вработени во Основното јавно обвинителство да се вратат на своите стари работни места, а за останатите ќе се направи систаматизација.

Воедно, се предлага републичкиот Јавен обвинител да има надлежност и врз истражителите кој своевремено СЈО ги позајми од МВР и од Финансовата полиција, а во иднина ќе работат на случаеви кои ќе ги отвори ОЈО.

Речиси три месеци по растурањето на СЈО, со разрешувањето на неговата шефица Катица Јанева, на дневен ред во парламентот се најдоа измените на Законот за јавнообвинителска служба, кои целиот овој период се чуваа во „фиока“, а со кои треба да се реши статусот на вработените во ова обвинителство.

„За сите прашања кои се однесуваат на работниот однос на јавнообвинителските сужбеници и лицата вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите кои вршат технички и помошни работи одлучува Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите или Јавниот обвинител на Република Северна Македонија доколку нема избрано Јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите“, стои во предлог-законот. Пратениците на СДСМ го подготвија Законот за јавнообвинителска служба набрзо по разрешувањето на Јанева и враќањето на обвинителите на СЈО во матичните обвинителства.

Со предлог-законот за јавнообвинителска служба се предвидува, по укинување на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, вработените да бидат прераспределени на други позиции, односно оние кои биле преземени во СЈО да се вратат во институциите во кои работеле претходно.

Треба да знаете
Последни објави