Search

СДСМ: По хаосот што го оставија ВМРО-ДПМНЕ немаат кредибилитет да зборуваат за препораките од УНЕСКО

Токму ВМРО-ДПМНЕ остави хаос и ги предизвика последиците врз Охридскиот регион. Оттука, ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за Охридскиот регион после 11 години свесно уништување и загрозување на природното и културно наследство за бизнис и лични интереси на фамилијата, се вели во соопштението на СДСМ.

Неконтролираните градби на Плаошник и Галичица, мегаломанските градби на Охридското езеро, познатото „парапетче“ на Груевски, криминалните проекти, Субрата Рој, се само дел од примерите за децениската негрижа на ВМРО-ДПМНЕ кон Охрид – заштитеното подрачје од УНЕСКО. Денес, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ Владата предводена од СДСМ, во соработка со општините и граѓанскиот сектор, е насочена кон решавање на наследените проблеми и тековните потреби во регионот.

Предлогот на УНЕСКО Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство  е мотив плус за интезивирање на процесот на заштита на нашето културно и природно наследство. Владата предводена од СДСМ заедно со сите надлежни институции останува посветена на исполнување на препораките на УНЕСКО за Охрид и Oхридскиот регион, со цел зачувување и заштита на нашето  уникатното природно и културно богатство.

Треба да знаете
Последни објави