Search

СДСМ: Помина времето на партизираната администрација, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека реформите во одбраната се на прав пат

Очигледна е нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ предизвикана од постигнатиот успех на сегашното раководство на МО, зголемените плати  и стандард на припадниците на Армијата, и обезбеденото членство во НАТО за кое ВМРО ДПМНЕ 11 години не мрдна со прст, се вели во соопштението на СДСМ.

-Помина времето кога  лицата ангажирани по договор добивале повици од  партиските јуришници на ВМРО со барања и условувања со пристапница кон ВМРО-ДПМНЕ и список со 10 загарнатирани  гласачи за да бидат вработени, а оние кои не прифаќале добивале отказ.

Помина времето на ВМРО-ДПМНЕ кога елементарен критериум за напредување во министерството беше партиската припадност  додека оние, кои се сметаа за симпатизери на други опции, безмислосно се деградираа и распоредуваа на други, пониски и несоодветни работни позиции за што сведочат и подоцнежни судски пресуди.

Помина времето на Јолевски  кога главен фактор во министерството беше ликовен критичар, а раководителите  педагози. Помина времето  кога Министерството служеше како параван за склучување на штетни договори и агенција за организирање на туристички патувања на Министерот и неговите блиски во странство , најмногу во САД каде се организираа и концерти на естрадни уметници – на сметка на МО.

Помина времето кога сите кои мислеа поинаку беа повикувани на разговор од партиски поставените раководители за да бидат предупредени да не учествуваат на протести надвор од работното време со закани дека службената оценка ќе им биде намалена или дека ќе бидат казнети по друг основ. Тоа помина и нема да се врати.

Партизацијата на институциите и администрацијата беше апсолутен симбол на 11 годишното режимско владеење на опозицијата, кога вработените во администрацијата беа користени исклучиво за партиски цели.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се ослободи од груевистичката матрица и не може да се помири со фактот дека денес институциите функционираат професионално, без притисоци, уцени и  закани.

Граѓаните многу добро се сеќаваат на режимското криминално владеење на опозицијата, селективните и исклучиво партиски вработувања и затоа на 12 април јасно ќе порачаат – режим никогаш повеќе.

Треба да знаете
Последни објави