Search

СДСМ: Полицијата работи професионално, граѓаните се безбедни

ВМРО-ДПМНЕ е во хаос, целосно загубена во сопствените деструкции и лажните вести, реагираа од СДСМ на изјавата на Орце Ѓорѓевски од ВМРО-ДПМНЕ во која тој побара оставка од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Коалиција со криминалот, неказнивоста и селективноста во постапувањето беа одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши со нивното заминување во опозиција.

МВРО-ВМРО е минато, нема повеќе злоупотреба на полицијата во лични или партиски цели.

По преземените реформи, полицијата работи професионално, ефикасно и во обезбедување на мирот и безбедноста. Се постпаува по секое прекршување на законите и против сите кои постапуваат незаконски се поднесуваат кривични пријави до надлежните обвинителства“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Од партијата додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да внесе вознемиреност во јавноста, а граѓаните се безбедни и сигурни.

Треба да знаете
Последни објави