Search

СДСМ: Политичката согласност околу содржината на законот за ЈО не е загрозена

– Политичката согласност околу содржината на Законот за јавно обвинителство воопшто не е загрозена. Денеска се работеше на технички усогласувања околу времето на стапување на сила и времето на почеток на примена на законот, а имајќи ги предвид неопходните подготовки што институциите мора да ги спроведат за да истиот може да почне да се применува, информираат од Социјалдемократскиот сојуз.

Оттаму истакнуваат дека законот со својата конечна верзија е веќе во собраниска процедура и оти очекуваат да започне собраниската седница.

Од Министерството за правда за МИА информираа дека законот бил повлечен заради техничко усогласување во две одредби.

Собраниската седница на која треба да се утврди потребата од донесување на законот по скратена постапка беше закажана за 17 часот. Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираа дека седницата ќе се одржи.

Треба да знаете
Последни објави