Search

СДСМ: Платена праксата за младите доктори

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение потсети дека една од новините во здравството  е воведувањето шестмесечна платена практична работа за младите доктори.  Веднаш по дипломирањето, односно добивањето лиценца младите доктри ќе имаат можност да  имаат 6 месечна практична работа во здравствените домови во Итната медицинска помош, вакциналните пунктови и во поливалентната патронажна служба, а потоа ќе можат да специјализираат.

„Ова е само еден од многуте чекори кои ги презема Министерството за здравство за подобрување на условите на медицинскиот кадар во земјава“, велат од СДСМ.

Додаваат дека претходно, како дел од мерките со цел вреднување на трудот на медицинските работници било и зголемувањето на основната плата на здравствените работници, соработници и помошниот технички персонал во здравството, од 5 до 10 проценти. Од септември, додава СДСМ, предвидено е зголемување на платите и на административните работници во здравството.

„Промени се воведоа и во плаќањето  на надоместок и на приватните специјализанти и зголемување на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд. Владата предводена од СДСМ , превземајќи ги овие чекори овозможи привлекување нови кадри во јавното здравство, каде само минатата година се вработија 3,200 здравствени работници“, се додава во соопштението на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави